Зошто во бракот престануваме да се грижиме за својот изглед

Честопати ќе слушнете дека брачните двојки се помалку време посветуваат на вежбањето и неквалитетно се хранат, а се повеќе седат покрај телевизорот, јадат брза храна и немаат желба да поработат на себе, бидејќи нивната цел е исполнета – стапиле во брак.

Се чини дека жените се повеќе обвинети за престанувањето со грижа за нивниот изглед по бракот и породувањето. Понекогаш ова е причина за неверство во бракот, па дури и развод. Се заборава и фактот дека дури и мажите се тие кои престануваат да се грижат за нивниот изглед, а нивните причини се различни од на жените.

“Што значи да се откажете? Не ги земате во предвид сопствениот изглед и личната хигиена, ги игнорирате или одложувате вашите основни физички и психолошки потреби, не ги правите работите што знаеме дека ќе ве задоволат, заборавате на себе…

Само што прочитавте некои од симптомите за дијагностицирање депресија”, објасни Радмила Вујиќ Бојовиќ, психолог и специјалист за брачни односи.

“Кога сме во врската депресивни? Тогаш, кога од некоја причина станува неинтересно и неизвесно, кога сме премногу уверени или кога износот на нашите обврски и недостатокот на време и простор за себе ќе не совлада како бран”, продолжува таа.

Мажите и жените во односите се опуштаат поради различни причини, вели:

“Мажите често се опуштаат од недостаток на несигурност и предизвици, а жените од исцрпеност и замор. Заедничко им е тоа што престануваат да се трудат, се опуштаат и се препуштаат на лош начин.

Се разбира, ова не е строго правило, а посебна компликација е присутна ако со ова е поврзана некоја зависност, како што се злоупотреба на алкохол или лекови. Тогаш ситуацијата е многу посериозна”, предупредува психологот.

4 Shares