Зошто ви се потат рацете кога сте нервозни?

Според зборовите на експертите, потењето е нормална реакција на стресна ситуација.

Основната цел на потењето е да се намали телесната температура, што го објаснува потењето кога трчаме или вежбаме.

Исто така, ние се потиме кога телото се бори и сака да побегне од стресната ситуација.

Испотените дланки всушност се емотивен одговор на одредена стресна ситуација и може да бидат предизвикани од чувства како што се страв или анксиозност.

Потењето е контролирано од страна на хипоталамус, област во мозокот која регулира многу функции, вклучувајќи температура на телото и крвен притисок што прима лажни сигнали дека телото е прегреано, па се вклучува потењето како метод за ладење на телото.

4 Shares