Зошто никогаш не треба да ги сушите алиштата во затворен простор?

Во зима, ние обично ги сушиме алиштата во куќа или стан, но иако трае подолго и понекогаш се замрзнуваат, можеби ќе треба да размислите два пати

Секогаш кога можете испраните алишта сушете ги на свеж воздух, во спротивно ќе го зголемите ризикот од премногу влага, појава на астма и други проблеми со дишењето.

Канцерогени супстанции од детергентите

Сушењето алишта во затворен простор во зима го зголемува нивото на влажност за 30 проценти, а исто така, се ослободуваат од алиштата и хемикалии од детергентот и омекшувачот во мали количини, кои, според некои истражувања, имаат канцерогени супстанции.

Опасни габи и мувла

Влагата предизвикува формирање на повеќе од десет видови на опасни габи и мувла, што доведува до бронхитис, проблеми со синусите итн… Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои седат во просториите каде што се сушат алиштата имаат чести главоболки и проблеми со дишењето.

Покрај тоа, влагата ја намалува топлината во собата, па дури и радијаторите во зима не можат добро да ја завршат работата.

15 Shares