Зошто некои мажи изневеруваат? Воспитувањето е само еден од 6-те фактори. Прочитајте!

Секој понекогаш се наоѓа во искушение да го изневери својот партнер, а важно е да се разберат причините зошто мажите обично изневеруваат

Докторката Ејми Иверсен вели дека има точно шест такви причини.

“Без оглед на тоа колку доверба имате во вашиот партнер, многу е веројатно дека ќе дојде денот кога вашиот партнер или вие ќе се најдевте во искушение. Неверството може да биде многу болно, а луѓето понекогаш се намерно слепи за очигледните показатели.

Наместо тоа, треба да бидеме искрени према себе и да веруваме во интуицијата”, вели Иверсен, и нагласува дека овие знаци не докажуваат ништо, туку се само индикатори дека вашиот партнер може да ве изневери.

Воспитување

Мажите од уништени семејства почесто изневеруваат. Докторката Иверсен тврди дека оние што ги гледале своите татковци како ги изневеруваат своите мајки и сами се повеќе наклонети кон неверство.

“Оние што имале проблематично и несигурно детство повеќе се склони кон неверства”.

Претходно однесување

Сака ли вашиот маж “секстинг”, апликации за запознавање или порнографија? Сето ова може да биде поврзано со сексуалната зависност, а и друштвеното општество може да биде индикативно. Неговата реакција на признавањето на некој пријател за неверство, може да биде добар показател за неговиот морален компас.

Животот, генерално

Големите откритија во животот ја менуваат личноста и влијаат врз самодовербата што може да доведе до истражување на сексуалните можности. Многу мажи што ја изневериле својата партнерка, велат дека тоа што го направиле е со цел “повторно да се чувствуваат живи”.

Промена во однесувањето

Купувањето нова облека, лосионите по бричење и општо грижата за изгледот, можат да бидат знаци дека нешто се случува. Постои сомнителна и ненадејна загриженост за социјалните мрежи и прикриените телефонски повици. Треба да обрнете внимание и ако вашиот партнер за работно место зборува многу повеќе од другите. Пред да почне прељубата, вашиот партнер може да биде помалку внимателен и тоа е вистинското време за реакција.

Различно чувство

Го коментира ли вашиот партнер во последно време вашиот изглед , претежно негативно? Критикува сè? Ова може да биде знак за префрлување на вината. Често доаѓа во пар со изладени односи.

Големи промени

Д-р Иверсен укажува дека неверството на партнерите никогаш не е ваша вина. Животните промени, зголемувањето на одговорностите и врските можат да дојдат до искушение. Сите не се носат со тоа подеднакво. Докторката сугерира на разговор како најдобро решение за можните несогласувања.

6 Shares