Женски особини кои ќе го освојат срцето на секое машко

Мажите ни открија со каква жена би сакале да го поминат остатокот од својот живот!

Жена на која потполно и верува. Довербата е темел на кој се гради апсолутно сè! Мажите покрај себе сакаат да имаат жена која ќе може да се исповеда за најмрачните тајни и слабости, без страв дека ќе биде погрешно разбрана или исмеана.

Амбициозна и мотивирана жена која што не троши време само на шопинг и социјални мрежи. Тие откриле дека долгорочно не биле заинтересирани за површни жени, кои најмногу време и напор трошат на глупости, како на пример на изборот за најдобриот селфи или облеката за излегување.

Жена која го поддржува, дури и ако сака да ја напушти работата и да ги следи своите соништа. Тие сакаат жена која во тој момент ќе им даде ветер во грб и ќе биде поддршка и инспирација да инсистираат на тоа што го сакаат и за што сонуваат.

Жена која поминува време со него, но не и 0-24. Момчињата сакаат да имаат “слобода” и не сакаат да се откажат од дружењето со својата машка екипа само затоа што сега имаат девојка. Тие сакаат и нивната избраничка да има сопствен живот, хоби, друштво, обврски, страсти…

Жена со која сексот е одличен… Сексот не е најважното нешто во врската (ни за мажите), но е еден од поважните. Тоа не значи да барате божица во сексот, туку некоја со која ќе бидете компатибилни за целиот ваш живот.

6 Shares