Жените се неверни исто како и мажите

Една од најголемите предрасуди е тоа што мажите се оние кои имаат поголема веројатност да мамат, но во општеството во кое живееме на столбовите на срам, најчесто се пробиваат – прељубничките

Мажите се повеќе промискуитетни отколку жените – колку пати сте го слушнале ова тврдење или некоја од варијациите? Веројатно голем број пати, а ако почнала да ви оди на нерви, тоа не е чудно – веројатно е само мит.

Имено, авторот на бестселерот “Untrue”, Венздеј Мартин смета дека верувањата на жените и нивното однесување во врската се погрешни.

Мартин укажува дека една од најголемите предрасуди е тоа што мажите почесто мамат, но во општеството во кое живееме на столбовите на срам, најчесто се пробиваат – прељубничките.

Според истражувањето на САД, само 13 отсто од жените биле верни на своите сопрузи, а околу 50 мажени жени имале вонбрачни афери.

Дополнително, Мартин го уништи митот дека жените имаат поголема веројатност да мамат поради емоционалните потреби, а мажите поради секс. Мартин тврди дека и жените обично ги мамат своите партнери од истата причина – сакаат секс со некој друг.

Можеби сепак жените не се од Венера, а мажите од Марс…

33 Shares