Жените откриваат што промениле нивните сопрузи за да ги подобрат своите бракови

Неколку жени ја отвориле душата и искрено проговориле за тоа кои се стравовите на нивните сопрузи, што довеле до проблеми во нивните односи.

Еден од најголемите предизвици во секој однос е надминување на пречките што се појавуваат во одредени фази на врската и бракот. Ова бара сила, трпеливост, мудрост, но и волја за одредени потреби од една или друга страна. Или и двете.

Неколку жени ја отвориле душата и искрено проговориле за тоа кои се стравовите на нивните сопрузи, што довеле до проблеми во нивните односи.

Не ни обезбедува добар живот

“Мојот сопруг се грижеше за тоа дека не ни дал добар живот. Сакам убави работи, но не сум материјалист”. Пред да имаме деца, водевме “побогат” живот, а мојот сопруг почна да се грижи за она што сега го имаме дека не е “доволно”.

Откако разговаравме и кога свати дека нема причини за грижа, продолживме да живееме колку што можеме и многу посреќно, а тоа беше повеќе од доволно “, рече 36-годишната Хали од Канзас.

Не е забавен

“Откако мојот сопруг призна дека мислел дека сум уморна од него, морав да се смеам на тоа. Мислам дека се плашеше дека ќе “сватам” дека не е доволно добар за мене и дека ќе барам друг. Ако сакаме некој човек, тогаш го сакаме тој човек и тоа е тоа.

Може да има и тешки моменти, но нас никогаш не ни е здодевно или да ни биде доста за да бидеме со човекот што го сакаме. Кога тој го свати тоа, престана да се грижи, доби самодоверба, а нашиот брак беше посреќен “, рече 39-годишната Елен од Охајо.

Несредени финансии

“Парите се еден од најчестите проблеми во врските и се извор на стресот. Тој откри една апликација што му помогна да ги распоредува парите и оттогаш стана многу помирен, а нашата врска е многу подобра “, открива 40-годишната Касандра од Калифорнија.

Што мисли неговиот шеф за него

“Најдоброто нешто што ни се случило беше тоа што мојот сопруг престана да се грижи за тоа што размислува неговиот шеф за него. Тој работи во маркетинг компанија со лош шеф. Секогаш бараше од него одобрение и сакаше да го докаже одново и одново, исто да покаже колку е добар работник.

Но него тоа го јадеше и кога си идеше дома, беше тажен и депресивен, а тоа многу ни влијаеше и во нашиот однос. Конечно свати дека работното место и лошите луѓе околу него не се вредни за неговото ментално здравје.

Сè уште ја работи истата работа, но по завршувањето таму, работата останува во канцеларијата и не се грижи за ништо. Денес ние сме посмирени и посреќни “, вели 42-годишната Дон од Њујорк.

Се плашеше дека не е добар во сексот

“Мажите или се потценуваат или се занемаруваат кога станува збор за сексот. Мојот сопруг беше дел од првата група на мажи и поради тоа тој беше во постојана грижа и депресија и го убиваше секое расположение. Се обидував за да му олесни, да го убедам дека уживам, поминувавме одлично и малку по малку неговата несигурност исчезна “, призна Лин, 36-годишна од Илиноис.

Се плашеше дека не е добар татко

“Ние не сме совршени родители, никој не е, но мојот сопруг едно време беше опседнат со тоа дека не бил добар татко и ова во голема мера влијаеше врз нашата врска. Тој ги прочита сите книги, ги гледаше советите на YouTube, “закачен” беше на форумите. Имаме три деца и многу е поопуштен сега “, откри Алисон, 39-годишна од Њујорк.

6 Shares