Заев: Денес законите важат за сите, Денес, кој и да го прекрши законот е исправен пред правдата

Борбата со корупцијата продолжува, никој нема да биде поштеден, изјави премиерот Зоран Заев.

Системот се справува и со крупните и со ситните риби, секој ден се испраќа пораката дека законот важи еднакво за сите, вели премиерот Зоран Заев.

Страшно беше во времето на Груевски да се спомне име на функционер, а камоли да му се суди. – Денес не е така, напротив. Пред лицето на правдата не се само граѓани, туку и луѓе блиски до власта или до опозицицијата, вели Заев.

Знам дека вистината боли. Дали во 11-те години додека бевте на власт можевте да спомнете имиња на функционери како што се прави тоа сега? Не. И тоа е големата разлика меѓу нас и вас. Ако законот важи еднакво за сите и ако за сите има судски завршници, ако слободно, транспарентно граѓаните зборуваат за сите, само така ќе не биде како држава. Вашата идеолошка матрица е извор на најголемото зло. Променете ја во делот на кочењето на државата, во делот на одговорноста и квазипатриотизмот – сто пати побрзо ќе се движи Македонија кон евроинтеграциите и поквалитетен живот на граѓаните. Тоа е вистината, тоа се фактите, рече Заев.

Спомнавте десетина функционери во последните четири години, некои од нив се осудени, лежат казна, некои се пред суд, други во истрага. Ако можете да кажете пет од минатата власт кои се гонети во време на минатата власт, тогаш ќе ја извлечеме и таа паралела за која зборувам. Токму тука е суштината на разлиноста во овие четири години и 11-те на вашето владеење. И таа паралела е толку јасна што само по себе е потврда сегашноста – транспарентни докази и аргументи за криминалите, пљачката, за унишптувањето на човековите права од првото раководство на ВМРО – ДПМНЕ до 2017 година. И денес вие се гордеете со партијата, со минатото, со се. Кај нас е различно. И денес, кој и да го прекрши законот е исправен пред правдата, одговара, има и пресуди за градоначланици и функционери од нашите редови. Имаме обвинтелни акти, истраги. Наведете пет (функционери) од времето на Груевски што биле гонети, зашто во тоа време беше страв да се спомне име, а не да се гонат функционери. Никој не смееше да чепне по нив, истакна Заев.

0 Shares