Заедно со Мујо, Фата и Ибро (насмеј се)

Мујо гледа натпревар во бокс и едниот го нокаутираат во прва рунда.
– Пу бе, се разочарав, чекав еден месец, а заврши за една минута.
Фата го гледа и му вели:
– Сега знаеш како ми е мене нели.

Игра Мујо лото, се враќа дома и и вели на Фата:
– Фато, Фатоо, добив на лото!
– Колку пари доби, прашува Фата.
– 350.000 €.
Фата ја фаќа срцето и паѓа на подот мртва.
Тој ја погледнува и вели:
– Кога ви тргнува, навистина ви тргнува.

Мујо оди на школо на прва родителска кај син му Ибро.
Тој влегува во училиштето и гледа на првата училница пишува „Над просечни деца“. Влегува и викнува Иброо, Ибро..
Но син му не беше таму.
Оди во друга училница а на неа пишува „Просечни деца“. Тој исто така влегува и вика:
– Ибро, синко!
Никој не одговара, тој загрижено оди понатаму и гледа знак „Деца под просек“.
Влегува таму, кога Ибро и таму го нема. Тој оди понатаму и гледа „За дебили“. си вели, што е тоа е и влегува во училницата повторно викајќи:
– Ибра синко!
Но, децата само се смеат, прават глупости, бучава а Ибро го нема ни таму…
Се чуди каде е Ибро, оди понатаму и на последната училница гледа знак.
„ИБРО“

4 Shares