Забрането Греење на Дрва за оние кои земале инвертер клима уреди

Забрането греење на дрва во Град Скопје.

Градот Скопје ќе ги контролира граѓаните кои земале субвенции од 1000 евра за купување на инвертер клима уреди за затоплување на нивните домови а при тоа оставиле ќумбиња и камини на дрва кој ги служеле во минатото.

Градоначалникот Петре Шилегов изјави.

„Денеска во Општина Сарај започнуваме со предавањето на печките на дрва, јаглен или нафта од оние граѓани кои аплицирале за субвенции за инвертер клими. Во Сарај имаме пријавено 160 домаќинства, што значи 160 оџаци помалку оваа зима во овој дел од градот. Комисијата ќе врши инспектирање за да се види дали навистина граѓаните ги користат инвертерите или направиле измама. Ако и понатаму се греат на дрва, односно денеска дале стара печка, а имаат друга која ќе ја користат за загревање на домот, ќе треба да ги вратат парите“.

4.060 апликации до денес има само во град Скопје кои земале или ќе земат 1000 евра за купување инвертер клима уреди со што ќе ги затоплуваат домовите на економичен и еколошки начин. А Град Скопје доби од Владата 5,2 милиони евра.

1 Shares