За само еден час 70 прекршоци во Велес

Во Велес денес полицијата вршеше засилени контроли во сообраќајот. Еве што забележаа.

Полицијата за само еден час, од 11 претпладне до 12 попладне изрече 70 прекршочни пријави.

При контролите полицајците констатирале две возила кои биле управувани од возачи во алкохолизирана состојба и тоа кај лице од 54 години било констатирано 1.06 промили алкохол и кај второто лице на возраст од 46 години констатирани се 1.25 промили алкохол при тестирањето.

Полициските службеници констатирале нерегистрирани возила, управување на автомобили без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол.

За дваесетина дена во кои беа заострени контролите низ целата држава беа констатирани и изречени над 10.000 прекршочни пријави.

3 Shares