Во Велес Нов-Ковид Центар уште плус 24 легла

Во Велешката болница до вчера се наполнија скоро сите капацитети за лекување на болни со ковид-19. Од денес, нов центар за ковид.

Во Велешката болница Физикалното одделение се пренамени во ковид-19 центар со капацитет од 24 пациенти, а тоа е скоро половина од капацитетот на Инфективното одделение каде се сместуваат 54 пациенти.

Ангажирани се тројца инфектолози и специјализанти.

„Моментално, на Физикалното одделение се сместени седум пациенти, а дежураат доктори специјализанти, вработени во болницата. Ангажирани се седум специјализанти, тројца специјализанти по интерна медицина, по еден од неврологија, хирургија, ортопедија и ренгенологија. На Инфективното одделение од јули во дежурствата беа вклучени четворица интернисти, а од овој месец се вклучени уште тројца, како и кожниот доктор“, кажа портпаролката д-р Весна Николовска-Неделкова.

До денес, на сите одделение вкупно се хоспитализирани 50 пациенти, од кои само еден е суспектен а другите се сите потврдено позитивни. Испишани се денес 6 пациенти, а 16 од пациентите се на кислородна подршка. Денес, од болницата соопштија дека е починат пациент на возраст од 79 години кој и претходно се лекувал од хипертензија и дијабет.

11 Shares