Во кревет голи или во пижами?

Повеќето од нас спијат во зимските месеци барем во гаќи и маици, ако не и во пижами. Се соблекуваме голи и се повлекуваме под ладните покривки само ако има прилика. Но, еве која е причината зошто треба да го правиме тоа секој ден

1. Да се спие гол е здраво и хигиенски

“Да се спие без облека е добро за кожата”, вели д-р Ханс Гинтер Вис, научник
во истражувањето за спиење.

Имено, тие што спијат голи помалку се потат, особено во интимното подрачје, со што се намалува просторот за маневрирање со габи и бактерии. Сепак, оние кои преферираат пижами, веруваат дека баш спиењето без облека е нехигиенски.

Д-р Вис има едноставен одговор на овој аргумент, а тоа е само почесто да се менува постелнината. Бидејќи за време на спиењето се јавува загуба на течност која може да се мери до 0,75 л. наместо да се менуваат пижамите два пати неделно, тоа да се направи со постелнината.

2. Спиењето голи ве прави самоуверени

Следниот аргумент е за подобро чувство на телото и неговите граници и чувството дека некој се грижи за нас. “Кој спие гол, се чувствува секси”, нагласува Вис. Вие нема поради тоа што се чувствувате секси да се претворите во Аполон, но ќе бидете почувствителни на допир.

Сите ние сме го доживеале тоа пријатно чувство на миризлива и чиста постелнина на гола кожа. Тоа чувство дека вашиот кревет ве прегрнува, ве прави спремни на допирот од вашиот партнер.

3. Почесто имате секс

Ефектот на поттикнување на целото тело со мек допир сигурно ќе ги зголеми шансите за физички контакт меѓу двете лица кои лежат голи еден до друг. Ова исто така може да биде пријатна промена ако работите треба малку да ги загреете во креветот.

4. Се намалува стресот

“Кога двајцата се допираат, нивните тела го лачат хормонот окситоцин”, вели научникот. Го распаѓа хормонот за стрес кортизол и го зајакнува имунитетот. Притисокот се забавува со допирот, а депресивното расположение исчезнува.

Секако, претпоставката е дека ако сте привлечни еден кон друг. Ако легнете еден до друг а не се поднесувате или не можете да се мирисате (тушот ја отфрла моќта на природните мириси и феромони), овој ефект може да биде отсутен.

5. Ја подобрува спермата

Соблечете ги своите гаќи или пижами пред спиење! Спермата не сака ниту тесно ниту претопло. (Ако веќе морате, носете широки пижами или боксерки!) Немојте претопло да се покривате, и бидете сигурни дека температурата во спалната соба не надминува 21 степени.

Вашето семе ќе биде поживо на пониски температури, а помалку живо, тоа значи и помалку плодно при повисоки температури.

6. Го забрзува метаболизмот

Додека спиете, трошите скоро исто толку калории колку што трошите во времето на будење. Ако спиете голи, потрошувачката на калории може да се зголеми, но само ако вам не ви е претопло. Ако собата е малку поладна, телото ќе користи повеќе енергија за да ја задржи својата температура.

Сепак, не претерувајте, бидејќи можете да настинете од спиење на ладно.

7. Ќе ја намалите смрдеата

“Ако спиете во пижами, телесните течности како што е потта, подолги периоди остануваат на кожата, на пример во интимната област”, објаснува д-р Вис. Тоа е причината што може повеќе да се засмрдите кога сте во вашите пижами, отколку кога сте голи. Тоа не значи дека нема да морате да се туширате.

Секако дека треба редовно да ја одржувате хигиената на телото.

11 Shares