Во Германија масовни штрајкови | Парализирани големи градови

Штрајк на вработените во јавниот превоз во вторникот го парализира јавниот живот во многу германски градови.

Најтешко беа погодени поголемите градови како Берлин, Хамбург, Минхен и Хановер, каде вработените во јавните транспортни компании одговорија на повикот на синдикатот на работниците во јавниот сервис на Верди и ја прекинаа работата за 24 часа.

Превозот делумно функционираше само таму каде што има мрежа на урбани и приградски железници кои не работат во јавните градски претпријатија, туку на Германската железница (Дојче Бан).

Во сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија денес немаше настава во школите затоа што во оваа ретко населена федерална држава, учениците претежно користат јавен превоз за да одат во, честопати многу далечни училишта.

Тие започнаа серија штрајкови

Минатата недела синдикатот на јавните службеници започна серија т.н. предупредувачки штрајкови за да се изврши притисок врз работодавците, во овој случај градовите и општините, да се согласат на барањата за зголемување на платите.

Работниците во болниците и градинките минатата недела исто така штрајкуваа.

Верди бара зголемување на платата од 4,8 проценти или најмалку 150 евра месечно за 2,3 милиони вработени во јавните служби.

Работодавачот ги отфрли барањата на синдикатот како „несоодветни“ поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат јавните финансии заради кризата со короната.

На крајот на октомври, ќе се одржи последната, третата рунда преговори меѓу синдикатите и работодавците во јавните служби.

2 Shares