ВНИМАВАЈТЕ! Храна која ве води право во депресија

Храната богата со шеќер и масти, или преработената храна во телото, предизвикува воспаление не само на дигестивниот систем, туку и на целото тело, што се нарекува системско воспаление

Веројатно веќе сите се свесни за ризикот од јадењето брза храна, од дебелина до разни болести, но дали знаете дека значително го зголемуваат ризикот од развој на депресија?

Научниците анализирале 41 студија за да дознаат дали постои врска помеѓу депресијата и исхраната. “Системското воспаление може да влијае на менталното здравје со пренесување на проинфламаторни молекули во мозокот и исто така може да влијае на невротрансмитерите одговорни за расположението на лицето”; објасни менаџерот на проектот, д-р Камил Ласал.

Храната богата со шеќери и масти, или преработената храна во телото, предизвикува воспаление не само на дигестивниот систем, туку и на целото тело, што се нарекува системско воспаление. Во овој случај, лошата исхрана влијае на телото, исто како и пушењето, загадувањето на воздухот, дебелината и недостатокот на рекреација.

“Хемијата во цревата е многу слична со хемијата во мозокот, што значи дека храната што ја внесуваме во телото може да влијае на нашата психолошка состојба”, вели д-р Космо Халстром, експерт за депресија.

Најдоброто нешто што можете да го направите во врска со ова е да внимавате што јадете и ако побарате од научниците, тие ќе ја препорачаат медитеранската исхрана – риба, овошје, зеленчук, ореви – храна која го штити мозокот и расположението.

Бидејќи и кај нас веќе зема замав медитеранската храна, тоа не би требало да биде толку тешко…

3 Shares