Владата ќе може да управува со приватните болници

„Во кризна состојба има законска можност владата да управува со ресурсите на државните органи, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, како и Градот Скопје, но и на трговските друштва, во овој случај приватните здравствени установи.

Не станува збор за национализација, туку евентуално за нивно управување, но само таму и во обем за кои владата ќе процени дека е потребно“, изјави Пендаровски.

„Нема да биде национализација, па да имаме нов газда, туку државата ќе биде менаџер во наредните 30 дена. Законски, обесштетувањето не може да биде повеќе од 30% од пазарната вредност“ додаде претседателот.

„Денеска за многу кратко време ќе направиме проценка со што ќе се располага, како и план за работа“, рече Филипче.

Премиерот Зоран Заев најави дека кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утревечер.

2 Shares