Владата ги Усвои Новите Мерки | Кои се новите мерки?

Економските оператори да работат најдоцна до 23.00 часот освен доставата,

Јавниот превоз да биде со капацитет до најмногу до 50%

Јавната администрација да работи во смени, редуцирано со ротации или со работа од дома,

Ова се новите мерки кои денеска ги усвои владата на предлог на Комисијата за заразни болести, но тие не можат да стапат во сила одма исто како и мерките за носење на маски на отворено, забрана за групирање по 22часот и забрана за повеќе од 4 гости во домашни условои, затоа што сите овие мерки треба да бидат усвоени од пратениците во собранието.

До пратениците нема стасано ниту еден предлог за овие мерки а тие изјавуваат:

„НИЕ ТАКВИ МЕРКИ ВО СОБРАНИЕТО, ДО ОВОЈ МОМЕНТ, НЕМАМЕ ДОБИЕНО ОД ВЛАДАТА… НО ВО ПАКЕТ АКО СТИГНАТ, НИЕ СИГУРНО ВО ПАКЕТ ЌЕ ГИ РАЗГЛЕДАМЕ. ЈАС ВЕДНАШ, ШТОМ СТИГНАТ ПРЕДЛОГ МЕРКИТЕ ОД ВЛАДАТА, НОРМАЛНО КОГА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ЌЕ ГИ СТАВИ НА ДНЕВЕН РЕД, ВЕДНАШ ПОТОА СУМ ЗАДОЛЖЕН ДА ЈА СВИКАМ КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО“, ИЗЈАВИ АРБЕН ЗИБЕРИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно најавија дека на координација на пратеничката група ќе ги разгледуваат предложените мерки од Комисијата за заразни болести, без да кажат дали предложените мерки, кои веќе и се познати на јавноста, за нив се прифатливи.

Венко Филипче, денеска побара од Собранието итно да ги донесе новите мерки. Тој вели дека веќе нема време за одлагање, бидејќи состојбата со вирусот е сериозна.

„ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ПОКАЖАТ ОДГОВОРНОСТ И ШТО ПОСКОРО ЕДНОГЛАСНО ДА СЕ ИЗГЛАСААТ ДВАТА ПАКЕТИ НА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО И СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА ВИРУСОТ. БАРАМ СИТЕ СЛОЖНО ДА ИСПРАТИМЕ ПОРАКА НА ЕДИНСТВО ОКОЛУ ВАЖНОСТА ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ. ТИЕ СЕ ЦЕЛОСНО ИЗДРЖАНИ, БАЗИРАНИ НА АНАЛИЗИТЕ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ И НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ИСКУСТВА. ИСТИ ИЛИ СЛИЧНИ МЕРКИ ВО МОМЕНТОВ ВЕЌЕ СЕ НА СИЛА ВО СИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ“, НАПИША ФИЛИПЧЕ НА СВОЈОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ

Но и покрај барањето мерките да се изгласаат засега нема информации кога владата ќе ги достави до Собранието мерките кои ги усвои минатиот вторник, но и денешните.

3 Shares