(ВИДЕО) “Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во 8ми септември”

„Вака ние обичните смртници чекаме за преглед во Ковид центарот во 8ми септември” објави на социјалните мрежи пациент кој чекал пред болницата.

Бидејќи во сред пандемија нема 3 смени, почнуваат со работа од 08 и 30 ( а нема да биде тоа македонско здравство, ако нели сестрите и докторите не си ги испијат кафињата па отворат во 09 и 30)

Во меѓувреме луѓево со температура, пневмонија, омалаксани, со отежнато дишење, дремат надвор на минусни температури и се молат докториве да се смилуваат да отворат врати. Патем јас со бронхопневмонија чекав 3 часа.
Една жена волонтерски направила ливчиња и ги дели на луѓето за колку толку да се направи ред.

Патем на истово место чекаат и луѓе со ДРУГИ инфективни болести (значи на истиов куп со заразните од корона). Тука чекаат и за вакцини, тетанус и сл.
Ако немаш упат од матичен ( пр. Ти се влошила состојба ноќе и немало кој да ти издаде упат-Не те примаат, те брка обезбедувањето)

Ова е во Ковид центарот во 8ми септември, на клиника пак да те примат е научна фантастика. Со упат чекав два дена по 3 часа за да ми дадат проклет упат за ренген и не дочекав, измрзнав и нормално морав да го правам приватно.

Ова е само дел од хоророт на македонското справување со пандемија, ептен ми е лошо за да пишувам уште, инаку штом се опоравам ќе напишам се низ што како семејство проаѓаме и колку не чини вирусот, а еден посебен ферман ќе треба да им го посветам на лекарите и сестрите со ЕГО ДО ПЛАФОН ( чест на исклучоци) што не смееш ништо да им кажеш или да ги прашаш.

 

5 Shares