Видео-рецепт: Како да направите домашно пиво

Во акцијата “сам свој мајстор“ можете во домашната работилница да направите пиво чиј квалитет и вкус ќе биде ист како на индустриското а цената – права ситница – во споредба со онаа во трговијата

Основни три состојки на пивото се:

  • – Концентрат на пивски слад
  • – пивски квасец
  • – кафен шеќер

За жал, првата акција во производството на пиво можеби нема да ви успее, но треба да се научите. Опремата за производството мора да биде беспрекорно чиста. Од опрема потребен ви е полиетиленски чист сад за алкохолно варење.

Садот нека собира 25 литри течност. Освен тоа ни треба околу 2 м. пвц црево со размер од 10 мм. Исто така ни требаат околу 20 пивски шишиња од 1 литар. Тие шишиња треба да се купат, зашто обичните нема да го издржат притисокот при вриењето.

Треба да се купат оние шишиња со ќерамички чепови и со патентен затварач во какви што некогаш се продаваа пијалоците, специјално пивото.

Освен тоа треба да имате хидрометар и термометар и средство за стерилизација на садот. Тоа се обично таблети на база на Na2Sl (натриумов бисулфат).

Постапка на варење на пивото:

Исчистете го пластичниот сад од 25 литри со таблета за стерилизација, измијте го со ладна вода и ставете го на местото каде што ќе се обавува ферментирањето (вриењето). Тоа место би требало да биде со постојана температура од 18 – 24 степени.

Прениската температура ќе ја спречи ферментацијата, а превисоката ќе го уништи квасецот. Измешајте ги сладот и квасецот и истурете ги во садот. Ферментацијата трае околу 10 дена, а се манифестира во појава на прстенесто наталожени меурчиња, после што масата се претвара во кремаста, жолта маса која што со време изгледа како палачинка на површината од садот.

Тогаш соберете ја пената и прочитајте ја вредноста со помош на хидрометр. Доколку тежината на масата е од 1000 – 1006 мерни единици, таа иста вредност треба да се одржи во следните 24 часа, а потоа е време за преточувањето на пивото со црево. Тоа преточување треба да биде такво да се преточи само течноста над густата маса која е на дното од садот.

Тешкиот густ талог оставете го во садот. Одма исперете го садот од талогот. Стерилизирајте ги шишињата со помош на средствата, па исперете ги со жешка вода. Наполнете ги шишињата така да има празнина во нив околу 30 мм. од грлото. Во шишињата истурете по половина лажица шеќер. Оставете околу 5 дена да ферментира шеќерот.

После тоа, оставето го пивото на ладно и темно место да се филтрира. По 2 недели пивото е готово за употреба. Сите состојки можете да ги купите во продавниците за винарска и пиварска опрема.

11 Shares