ВИДЕО: Во престрелката во Калифорнија, најмалку 12 загинати, убиен и напаѓачот

Најмалку 12 лица загинаа, вклучувајќи и еден полицаец, во еден бар во Thousand Oaks, Калифорнија, кога влегол еден вооружен напаѓач на студентска вечер, јавуваат американските медиуми и BBC.

Заменик началникот на округот Вентура, Рон Хелус, беше меѓу првите офицери кои дојдоа во барот на престрелката. Беше застрелан и подоцна почина во болница.

Осомничениот напаѓач е исто така мртов.

Полицијата објави дека најмалку 12 лица се повредени.

Очевидците рекоа дека напаѓачот, кој сè уште не бил идентификуван, отворил оган во преполн бар за време на студентската вечер.

Пукањето почнало во 23:20 по локално време во средата, околу 65 милји северозападно од Лос Анџелес, велат од полицијата.

Во времето на нападот во Borderline Bar and Grill имало најмалку 200 луѓе.

Официјалните лица велат дека осомничениот бил пронајден мртов и сѐ уште не бил идентификуван. Мотивот за нападот сè уште не е утврден.

Како дошло до пукањето?

Студентската вечер со кантри музика беше во тек, кога осомничениот облечен во црно, според изјавите на очевидец, влегол во барот и започнал да пука.

Во извештаите се тврди дека осомничениот можеби користел димни бомби и најмалку едно парче оружје што очевидците го опишале како полуавтоматска пушка.

Човекот кој беше повреден во пукањето, рече за локалната телевизија: “Паднавме на подот, слушнавме многу вресоци. Мојата пријателка беше ДиЏеј и ја прекина музиката, тоа беше хаос”.

Другиот очевидец од барот, Тејлор Витлер, рече: “Бев на подиумот и ги слушнав престрелките, па погледнав назад и одеднаш сите извикаа да лежам доле”.

Луѓето очигледно бегале од барот така што со столиците ги кршеле прозорците за да можат да излезат, додека другите се криеле во купатилата.

Што кажа полицијата?

Шерифот на округот Вентура, Џеф Дин, го опиша местото на престрелката како “ужасно” и рече дека “крв има насекаде”.

Според неговите зборови, само три минути по првото пријавување, полицајците пристигнале во барот.

Заменик шерифот Хелус, кој беше 29-годишен полицаец и планираше да се пензионира следната година, се обиде да влезе во барот кога беше застрелан. Починал во болница поради настанатите повреди.

Полицијата верува дека осомничениот извршил самоубиство, иако оваа информација не била потврдена.

Кои се другите жртви?

Сè уште не се знае идентитетот на другите 11 жртви, но добро е познато дека вечерта на кантри музика во средата беше популарна меѓу учениците.

По повод трагичната престрелка, Универзитетот “Пепердин” во четвртокот објави дека повеќе нивни ученици биле во барот во Thousand Oaks во времето кога напаѓачот отворил оган.

Пепердин е универзитет во Малибу, Калифорнија, и оддалечен е околу половина час од барот каде што се случи престрелката.

“Универзитетот потврди дека повеќе студенти од “Пепердин” биле во “Borderline Bar and Grill” во Thousand Oaks. Во овој момент, Универзитетот работи на идентификување на нивниот идентитет и ќе им пружи поддршка на учениците”, велат на Твитер.

3 Shares