(ВИДЕО) Опуштено со Стенд-Ап 3 Видеа секоја Недела | Мој Термин за на Слава | Македонија у 3 реченици | У Аптека

Во време на пандемијава, мораме да бидеме опуштени. Светските здравствени власти посебно оние од СЗО вчера ни пратија допис дека мораме барем еднаш неделно да конзумираме по 3 Стенд-Ап видеа за да останеме при здрав разум.

Од овој важен допис на СЗО, решивме секоја недела да ви прикажуваме по најмалку три видеа од наши познати комичари.

Денешните три видеа (доле) не се наведнувајте доле, тоа доле во црвено е дека видеата се подоле од текстот, впрочем видеата се од познатиот актер и стенд-ап комичар Бојан Велевски кој предлага да имаме Мој Термин за одење на Слава, исто така ја опишува Македонија во само 3 реченици, и што му се случува кога оди во Аптека.

Погледнете ги видеата и опуштете се.

Дописот од СЗО го изгубивме, и не можеме да ви го доставиме како доказ, но мора да ни верувате и да го споделите ова важно сооштение со вашите пријатели.

Ако ви се допаднаа видеата, споделете ги со пријателите, така ни помагате да постоиме, а ние постоиме за вас… Благодариме

123 Shares