ВИДЕО: Направила куќа преку инструкции од YouTube. Погледнете како изгледа

Тешко е да се замисли дека една жена без градежно искуство би можела да изгради двокатна куќа со пет простории само со следење на упатствата на YouTube. Кара Брукинс и нејзините четири деца се жив доказ дека и тоа може да се прави кога се сака.

Нејзиниот најстар син, Дру, ѝ помогна на мајка му Кара да изготви домашен дизајн и да добие одобрение од градот за изградба, нејзината ќерка Џада носела вода од рибникот на соседите и мешала бетон за темелите, додека нејзината втора ќерка готвела храна за сите нив.

Така успеала да изгради куќа за себе и за своите деца по само девет месеци работа. Поминаа низ сè: од копање на темелите до ѕидање на ѕидовите за куќата.

Кога дошле инспекторите за преглед на домот, тие биле изненадени како сè е професионално направено, не верувајќи дека една мајка го изградила тоа без никакво градежно познавање.

Нивниот дом има библиотека, гаража за три автомобили, пет спални и два спрата наречени Inkwell Manor, а куќата денес вреди околу половина милион долари.

Подолу може да се погледне како изгледало сето тоа, и конечно како изгледа куќа која е направена само со помош на инструкции од YouTube.

14 Shares