ВИДЕО: Најубавата река во светот тече во пет бои! Единствена е на планетата

Реката во Колумбија, која важи за најубава и најчудна во светот, се вика Кањо Кристалес, што во превод би значело “Кристален канал”, но е позната како “Реката со пет бои” или “Течно виножито”. Бидејќи баш така и изгледа.

Поголемиот дел од годината Кањо Кристалес е како и секоја друга река, но кон крајот на јули таа процветува и експлодира со живописни светли бои. Се меша во жолта, зелена, сина, црна и црвена со сите свои нијанси, преклопувања, контрасти, создавајќи неверојатна глетка.

Палетата на бои ги “создава” праисторискиот црн кварц – една од најстарите карпи во светот, зелената и жолта мов, како и природната сина вода. Сепак, она што навистина ја прави убава реката се светло-црвените рози од ендемското растение Макарениа Клавигера, кои сезонски цветаат под водата во втората половина од годината, кога реката е и најубава.

За атрактивноста исто така придонесуваат и водопадите, како и кружните базени, кои на времето биле создадени од карпите формирани од водени струи.

13 Shares