ВИДЕО – Казината работат како доставувачи (деливери) на храна вели премиерот Зоран Заев | Угостителите затворени, казината со полно работно време

Од утре (04-11-2020) стапува на сила забраната за работа по 21 часот за сите угостителски објекти во државава. Освен за казината и угостителските објекти на аеродромите.

Угостителскиот сектор вработува огромен број луѓе и е колабиран, затоа што самиот страв кај граѓаните влијае на посетата на угостителските објекти. Дополнителен економски шок за угостителите е и скратувањето на работното време до само 21 часот.

Владата на угостителите ќе им исплаќа за нивните вработени само минимална нето плата од околу 14.500 ден по вработен, а остатокот од трошоците за придонеси, струја, кирии и одржување угостителите го имаат на сопствен трошок. Тие најавија масовни напуштања на вработени.

Премиерот Зоран Заев со спектакуларна изјава;

4 Shares