ВИДЕО: Исповед на една жена за која зборува цел регион: “Завршив два факултета, а сега танцувам по кафани”

Маја вели дека плачела кога ги читала коментарите за себе, но немала друг избор и морала да биде келнерка и танчерка

Минатата недела на интернет се појави видео, во кое Маја Ѓуркиќ (30) од Шабац танцуваше во долна облека со пијани гости на саемот во нејзиниот град. Видеото наскоро се прошири низ регионот, а Србите ја распнаа во коментарите, нарекувајќи ја “ку*вата од панаѓурот”. Новинарите ја бараа и таа им ја кажа својата животна приказна, која многумина ги изненади.

Завршила два факултета

“Јас немав таква идеја за животот кога бев помлада. До 25-та година дипломирав на два факултета, агроменаџмент и финансии на економски. Се обидував да најдам работа од мојата струка пет години, но не успеав. На крај завршив во едно кафуле”, изјави Маја за новинарите.

Таа прво работела само како келнерка, а потоа сопствениците на кафулето и понудиле да танцува во шаторот на саемот.

“Тие ми понудија да танцувам за 200 евра за една ноќ и јас се согласив. Потребни ми се пари”, изјави Маја за новинарите.

“Морам да работам, немам избор. Околу мене е хаос, а јас морам да живеам. Никој не ме прашува дали сакам да танцувам под шатор или не. Принудена сум да работам како танчерка и келнерка бидејќи мојот татко почина одамна, а брат ми не може да работи поради сериозна повреда на главата. Имам проблеми и со мајка ми, која секој ден ме брка од куќата”, рече Маја.

Не е проститутка

Маја призна дека ја погодиле коментарите на социјалните мрежи во кои луѓето цело време ја навредувале.

“Плачев додека ги читав коментарите за себе. Ако сакав да бидам проститутка, би отишла во некој хотел и ќе заработам 200 евра за пет минути, и не би се мачела за истите пари да танцувам цела ноќ под шаторот. Ова се бесмислени приказни”, рече Маја.

7 Shares