ВИДЕО: Ги фатил жената и родениот брат како имаат секс. Полудел и ги измасакрирал

Олег К. сам ја повикал полицијата и изјавил дека пукал и ги убил двајцата љубовници во неговиот дом во Уфи, Русија

Човекот кој ја нашол својата жена како има секс со неговиот роден брат ги убил и двајцата, откако слушнал “бучава” што доаѓа од гостинската соба.

Олег им кажал на полицијата дека го поканил својот брат Евгениј да му се придружи него и на неговата сопруга Олга на вечера во нивниот дом.

Го замолиле Евгениј да остане и да спие во креветот во гостинската соба. Во текот на ноќта 54-годишниот Олег, го разбудила бучавата.

Откако сфатил дека неговата сопруга не е во кревет, Олег отишол да ја бара и видел како Евгениј (65) имал секс со Олга.

Крвавите снимки покажуваат дека 44-годишната Олга е мртва на креветот, со голема прострелна рана на главата, додека телото на Евгениј е на подот во локва од крв.

Исто така, на снимката се гледа пушка на подот, како и човекот кој го призна убиството и кој објаснува на полицијата чие тело е чие.

Олег е искусен ловец, а кога ја видел сопругата со својот брат, ја земал пушката и ја застрелал неговата жена додека лежела на креветот. Потоа го убил својот брат кој бил облечен и се обидел да избега.

Измамениот сопруг веднаш ја повикал полицијата и го пријавил убиството. Руската полиција соопшти дека сторителот бил уапсен и дека против него била поднесена тужба за двојно убиство.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО (ве предупредуваме дека видеото содржи вознемирувачки сцени)

5 Shares