(ВИДЕО) Експлодираше складиште за муниција во Русија, евакуирани повеќе од 2.300 лица

Повеќе од 2.300 лица се евакуирани од селата во руската област Рјазан, откако шумски пожар се проширил во воено складиште и предизвикал експлозии на муниција, објавија вчера руските државни медиуми.

Според последните извештаи, пожарот се уште не е контролиран, а повеќе од 20 лица се пренесени во болница, пишува Си-Ен-Ен. Локалните власти воведоа вонредна состојба во регионот.

Огнот се прошири на воено складиште

Пожарот избувна вчера попладне, а силниот ветер го прошири во воено складиште по што имаше „спорадични експлозии“ муниција, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Магацинот може да складира до 75.000 тони муниција, а има 113 места за складирање со ракетна и артилериска муниција, објави агенцијата РИА Новости.

Жителите беа евакуирани од најмалку 14 села лоцирани на пет километри од магацинот, а локалниот автопат беше затворен.

Според новинската агенција Тасс, пожарот и експлозиите изгореле повеќе од 20 згради во две населени места.

1 Shares