(ВИДЕО) Ѓоковиќ нервозен го фрли рекетот на трибините

Новак Ѓоковиќ денес на Олимписките игри во Токио не успеа да освои медал.

Како и во минатите негови порази така и денес тој докажа дека не знае да губи. По поразот за бронзен медал од шпанецот Пабло Карењо го фрли рекетот на трибините

Ѓоковиќ беше уморен а тоа се гледаше уште на почетокот на мечот, топлото време и високиот степен на влажност им смета на спортистите на овие Олимписки игри, иако тие реагираа до организаторите, мечовите продолжуваат да се играат на топло.

Претходно Ѓоковиќ изгуби од Зверев, поради нервоза тој замина од пултот за изјави на среде интервју.

 

0 Shares