(ВИДЕО) Бунт и насилни протести низ цела Европа поради ограничувачки мерки – ОВА СЕ СЛУЧУВА ..

Воведувањето нови построги мерки за борба против ширењето на коронавирусот низ цела Европа предизвика бран насилни протести.

За време на викендот имаше судири и апсења на протестите во Рим, Неапол, Лондон, а беше нападнат и германскиот институт за инфективни болести Роберт Кох во Берлин.

Во улиците на Рим избувнаа немири во саботата вечерта и дојде до судир меѓу десничарите, кои протестираа против мерките за корона, и полицијата.

Насилството започна кога демонстрантите се приближуваа до центарот на градот, палеа и фрлаа факели и друга пиротехника.

Сцените во италијанската престолнина наликуваа на оние во Неапол во петокот вечерта, каде стотици луѓе излегоа на улиците да се спротивстават на воведувањето поостри мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Демонстрантите во Неапол фрлаа димни бомби и петарди во центарот на градот, а полицијата одговори со солзавец.

На протестот претежно присуствуваа млади луѓе, пркосејќи се на полицискиот час, воведен од регионалните власти.

Околу сто демонстранти го пробија кордонот во близина на зградата на регионалната администрација во петокот вечерта, пренесе италијанската агенција АНСА. Освен димни бомби, шишиња го погодија и кордон од околу 100 полицајци во целосна опрема.

Во саботата се одржа протест во Лондон поради ограничувачките мерки донесени од британската влада во борбата против вирусот корона, а полицијата уапси неколку лица.

Демонстрантите се собраа во Хајд Парк, претежно носејќи транспаренти и знаци и повикувајќи на укинување на обврската за носење заштитна маска, пренесува Би-Би-Си.

За време на протестите полицијата уапси најмалку 18 лица.

Молотов коктел на Институтот за инфективни болести во Берлин

Неколку напаѓачи фрлиле молотов коктел кон германскиот институт Роберт Кох за инфективни болести во Берлин, предизвикувајќи мала штета на зградата, соопшти денеска полицијата.

2 Shares