Виц+Виц+Виц=3 Вица (насмеј се)

Брачен пар, ептен хевиметалци им се раѓаат близнаци.

И сега сакаат да дознаат дали децата ќе им бидат исто така хевиметалци. Посетуваат гатачки и бајачки и они им викаат дека еден од синовите ќе им биде народњак, а еден хевиметалец, ама кој точно не знаат.

И што да прават сега за да дознаат кој од децата ќе им биде металец, земаат една гитара и ја ставаат во ќош и ги пуштаат децата кој ке стигне прв до гитарата тој е металец. И ги пуштаат и едниот шпринт кон гитарата другиот мрзливо оди, го утепуват тој другиот мрзливиот, а овој што стигнал кај гитарата ја зима и почнува да пее:
– Убили стееее погрешног човекааааа….

Исповед на едно детенце:

– Сакам да умрам спокојно во сон како дедо ми, а не врискајќи од страв како патниците во неговиот автобус.

Две баби си праат муабет за внуците. Првата вика:

– Леле оној мој внук ќе ме умре. Пропалица невидена, тежок криминалец. Ништо не учи, по цел ден или е на интернет или девојки брка или со тоа ролерите вози негде.
А вторава вика:

– Е мојот внук по цел ден седи дома, слабо излегува, нон-стоп учи. Или доктор или пилот ќе стане.

Првата баба ќе пукнела од мака, па вели:

– Е како тоа или доктор или пилот, кога нема ништо слично во тие професии?
– Па знаеш стално кога ќе влезам во соба, го гледам он со шприцовите и иглите и ми вика, бабо ќе летамеее!

47 Shares