Велешка Фабрика самоиницијативно затвора поради ковид-19

Велешка фабрика Ронтис на сопствен трошок ги тестираше вработените во фабриката.

Резултатите кај неколкумина биле позитивни на ковид-19 вирусот па раководството на Фабриката одлучи да затвори и на сите вработени да им исплаќа плати.

Во интерес на здравјето на сите вработени и нивните семејства, со цел спречување на ширењето на вирусот фабриката Ронтис одлучи да го прекине производството до 10 Ноември.

Вработените кои се позитивни на ковид-19 се во добра здравствена состојба и се чувствувале добро, но сепак апелираме да се почитуваат мерките, да нема групирање и да се носат маски, кажаа од фабриката Ронтис.

4 Shares