Велешанецот починал од внатрешно крварење но имал и Ковид-19

Во денешната бројка на починати од ковид-19 во Државата се вбројува и починатиот Велешанец кој лежел од ковид-19 на заразното одделение во болницата во Велес.

Сепак, тој имал внатрешно крварење по што бил итно пренесен на Карил во Скопје каде и починал. Велешанецот бил позитивен на ковид-19, починал од внатрешно крварење.

Пред извесно време, министерството за здравство изјави дека починатите од било која болест но и кои се позитивни на корона вирусот ковид-19 се вбројуваат како починати од ковид-19.

Воедно, денес во Велес има и осумгодишно дете позитивно на ковид-19 при што 15 соученици и наставничката ќе бидат во изолација 15 дена.

„Извршена е дезинфекција на училницата, просторот каде се движело детето. Да нема забуни, децата од одделението кое брои 32, се поделени на две паралелки од по 16 според протоколите, токму заради превенција од вакви случаи“, вели Јованче Манасков, директор на училиштето.

9 Shares