Ваши мислења (кликни и гласај) Дали се сложувате со полициски час со цел да се спречи ширење на Ковид-19 Корона вирусот

Сведоци сме на се поголемото ширење на корона вирусот Ковид-19 не само кај нас туку во целиот свет а посебно последните недели во Европа. (гласање доле)

Од денес Словенија е во полициски час, исто така и други држави одредија забрани за движења во одредени области. Ги затворија угостителските објекти и воведоа обавезно носење на маски и на отворено.

Додека светот се бори против ширењето на вирусот, ние во Македонија сеуште уживаме некој подобности кој уште не се донесени на сила но се предлози на комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

Секако, низ граѓаните кружат различни мислења за мерките дали се тие добри или лоши, но мора да признаеме дека вирусот е тука, независно дали е направен од човек или не, тој постои и заразува милиони луѓе во светот, а починаа над 1.1 Милион луѓе.

Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашно интервју укажа на сериозноста за почитување на мерките и доколку тие не се почитуваат и вирусот се шири, ќе мора да воведеме полициски час се со цел заштита на граѓаните и спречување на ширење на вирусот.

Затоа ние прашуваме, дали се сложувате со оваа мерка, која секако носи и последици, посебно економски но сепак во голем процент го решава проблемот со ширењето на вирусот.

Доле, одговорете со Да, Не или внесете ваше мислење како друг одговор.

Дали се сложувате со полициски час со цел да се спречи ширење на Ковид-19 Корона вирусот
26 гласови · 26 одговори
7 Shares