Турското кафе е добро за организмот – ги штити срцето и мозокот

Љубителите на кафето тврдат дека турското кафе ќе ве разбуди побрзо од било кој друг пијалок, а според новото истражување, исто така, нуди одредени здравствени придобивки.

Се работи за метод на подготовка на кафе кое потекнува од Турција, Иран и Грција. Финото мелено кафе се вари со вода и шеќер, но тоа секако го знаете затоа што е многу популарно кај нас.

Бидејќи тоа е кафе кое е многу посилно од другото, може да влијае на нашето здравје. Еве како:

Може да го олесни физичкиот напор

Кофеинот е природен стимуланс кој може да ја подобри функцијата на мозокот и телото. Турското кафе нуди концентрирана доза на кофеин која може да биде добра за спортистите. Во резултатите од студијата спроведена преку 20 спортисти, се наведува дека оние кои пиеле кафе имале подобри резултати.

Содржи корисни состојки

Бидејќи ова кафе не е филтрирано, може да содржи многу повеќе корисни состојки од другите. Зрното кафе содржи колагенска киселина, која е еден вид полифенол – антиоксиданс кој го штити здравјето на срцето.

Оваа киселина ги спречува воспалителните процеси, ги одржува нивоата на холестерол и крвен притисок на нормално ниво. Зрното кафе, исто така, содржи терпеноиди, соединенија кои ги спречуваат воспалението и инфекцијата и го штитат здравјето на срцето.

Го спречува распаѓањето на мозокот

Пиењето кафе може да го заштити мозокот од развој на одредени невролошки состојби, како што се Алцхајмеровата болест. На пример, кај 11 студии кои вклучувале 29.000 луѓе, ризикот од развивање на оваа болест е намален за 27 проценти.

Други студии покажале дека внесот на кофеин може да го намали ризикот од мозочен удар, Паркинсонова болест и деменција.

Штити од развој на одредени болести

Се верува дека кафето штити од развој на одредени болести, како што се дијабетес и срцеви заболувања. Со преглед на 18 студии, научниците заклучиле дека секоја шоља кафе дневно е поврзана со намален ризик за развој на дијабетес тип 2 за 7 проценти.

Друга студија покажала дека консумацијата на кафе е поврзана со помал ризик од развој на депресија, рак на црниот дроб, ендометриоза и цироза на црниот дроб.

110 Shares