Тестирањата врз животните заминуваат во историјата

До 2023 година козметичките компании во Европската унија мораат да престанат да ги користат животните во испитувањата на своите производи.

Биочипот, кој содржи клетки од човечка кожа одгледани во лабораторија и кој ги покажува реакциите на телесната одбрана од хемикалиите, би можел да го испрати во историја злогласното, неетичкото и неморално тестирање на козметичките прозводи врз животните. Или барем голем дел од тие тестирања.

Технологијата која ја развива компанијата “Hurel Corp.“ во сорабтока со козметичкиот џин “L’Oreal“ ќе ги замени тестовите врз глувците и заморчињата кај кои се испитуваат алергиските реакции на лековите и козметиката.

Кај стандардниот метод врз кожата на животните, најчесто на ушите, се нанесуваат различни хемикалии, а подоцна животните се убиваат и се сецираат.

Спас за илјадници животни

Првите експерименти со биочипот се ветувачки, но строгите тестови допрва треба да ја одредат сигурноста на таа технологија. Прототипот на овој тест би требало да се појави на пазарот во втората половина на идната година. Покрај козметиката, оваа технологија би можела да се користи и во тестирањето на средствата за чистење и пестицидите.

Роберт Фридман, извршен директор на Hurel, вели дека прерано е да се зборува за цената на овој чип, но проценува дека пазарот за ваквото тестирање вреди околу две милијарди долари годишно.

Како и другите козметички компании, “L’Oreal“ трага по алтернативни тестови за да се усклади со законите на ЕУ. Од компанијата се очекува до 2023 г. да престане да користи животни во тестирањата.

За време на изминативе години, компанијата значително го намали бројот на испитувања врз животните, но сè уште ги користи за тестирање на нови хемикалии.

Портпаролката на “L’Oreal“ изјави дека компанијата многу вложувала во тестовите без животни во изминативе 30 години, но одби да каже колку пари се потрошени за чипот на “Hurel“.

Признание за иновацијата

Ако биде успешно применета, технлогијата на “Hurel“ ќе ја укине потребата од десетици илјади тестирања годишно врз животните. На добрите вести реагираше и Здружението за заштита на животните “PETA“, кое на компанијата “Hurel“ и’ ја додели наградата “Proggy“ за најдобра научна иновација за 2018 г.

Инаку, во “Hurel“ работат на уште еден важен тест со кој ќе се утврдува токсичноста на одредени производи за црниот дроб. Со оглед на тоа дека здравствените власти не одобруваат ниеден нов лек кој е минимално отровен за црниот дроб, овој тест би можел да биде исклучително важен за фармацевтската индустрија која ги испитува лековите врз животните пред да бидат одобрени и за луѓето.

Тестовите врз животните се долготрајни, а прашање е и дали реакцијата кај животните може да се користи за предвидување на рекациите кај луѓето.

Скратувајќи го времето, намалувајќи ги трошоците и ризикот од несигурност, како и укинувајќи го беспоштедното тестирање врз животните, тестот на “Hurel“ би можел да го поевтини развојот на нови лекови и да го доведе до нивото од околу 100 милиони долари годишно (од милијардата колку што сега просечно чини целиот процес).

3 Shares