ТЕСТ: Дали вашиот брак е во криза?

На наведените тврдења одговорете позитивно или негативно.

1. Генерално сум заинтересирана за активностите и интересите на партнерот.

2. Редовно ги покажувам моите чувства и внимание кон мојот постојан партнер.

3. Имам на ум колку мојот партнер го прави мојот живот подобар.

4. Се обидувам да бидам поврзана со партнерот, иако тој се чини далечен и дистанциран.

5. Чувствувам дека сум му секогаш на располагање на мојот партнер.

6. Не ми е тешко да бидам сочувствителна кон мојот партнер ако е во неволја или има некој проблем.

7. Можам да разликувам кога партнерот има проблем или е во невоља што го прави лут, немирен, нестрплив, раздразлив итн., кога тоа е поради мене и нашето несогласување.

8. Верувам дека мојот партнер е способен да биде успешен во тоа што го работи и го интересира.

9. Јас сум му поддршка на партнерот во напорите за личен развој и подобрување на неговите знаења и вештини.

10. Генерално ги сакам ставовите на партнерот и како им пристапува на работите.

11. Никогаш не би сторила или би барала од партнерот да направи нешто што е неправедно.

12. Честопати партнерот сексуално ме привлекува.

ОДГОВОРИТЕ СЕ ДОЛЕ: Збирот на позитивните одговори помножете го со 10 за да добиете поени.

 

100-120 поени

Одлично. Вашиот брак или врска е на вистинскиот пат. Се чувствувате себеси како толерантна, сочувствителна партнерка и му давате доволно поддршка, љубов и внимание на вашиот партнер.

Помалку од 100 поени

Треба да ги подобрите одредените аспекти од партнерската врска. Постојат проблеми кои бараат внимание и време за да се решат. Контактирајте го брачното советувалиште.

7 Shares