Тајните на нашите баби за чистење на домот

Вашите баби сигурно ви имаат откриено некои од нивните тајни, ако не ги најдете во листата, споделете ги со нас…

Бабите знаат најдобро. Особено кога станува збор за готвење, чистење и други работи во домаќинството и во семејството. Тие се едноставно мајстори за домот. Барем да знаеме половина од триковите што тие ги знаат!

Дали некогаш сте слушнале како се жалат дека се уморни? Никогаш. Нашите баби се како тајни “Wonder Woman”, а кога станува збор за чистењето, се обидовме да откриеме дел од нивните супер моќи.

Затоа собравме неколку од нив. Веројатно ќе најдете некои тајни на вашите баби во листата и ќе се присетите на нив.

Ракија и прозорци

Ракија е безвременска алатка баш за сè што ви доаѓа на ум во домаќинството. Но, кога станува збор за чистење на прозорците, со ракијата не може да се натпреварува ниту едно средство за чистење.

Стари крпи и облека

Парчињата од стари пешкири и стари маици можат совршено да служат како крпи за бришење на платно, подови и прозорци. Зошто да купувате специјални ткаенини што и онака некогаш ќе се извалкаат?

Секогаш треба да се чисти

Бабите никогаш не чекаат нешто да се извалка до крај или да кажат “Јас ќе го избришам тоа подоцна”. Тие веднаш се фаќаат за работа и се чини дека го прават тоа без никакви проблеми. Баш тоа е нивната тајна – подобро е да се исчисти малку по малку и редовно, отколку “кампањски” се одеднаш.

Зрна од кафе

Најнепријатните мириси може да се решат со чување на зрната кафе во садот. Ова е најдобриот трик за кујната и за бањата.

Маслиново масло

Бабите знаат како најдобро да се зачува дрвениот мебел – потребно е понекогаш да го премачкате со маслиново масло.

Сонцето како чистач

Првите сончеви зраци и високата температура треба да се искористат за да се стават душеците и перниците на свеж воздух. Свежиот воздух во кој има минимална влага и сончевите зраци, добро ќе ја ослободат целата влага од душекот, јорганот и перницата за да се спречи формирање на бактерии.

24 Shares