Што усвои Владата денес, за кого помош и колку?

Повторно платежни картички Купувам Домашно на 280.000 граѓани во државава во вкупна вредност од 27,6 милиони евра.

Картички со вредност од 6000ден ќе добијат пензионерите и граѓаните од ранливи категории а исто така и студентите.

Премиерот Зоран Заев кажа и кои се остатокот од мерките од четвртиот пакет за соочување со кризата од ковид вирусот.

Мерката со платежните картички купувам домашно ќе ја стимулира личната потрошувачка, а ќе ги добијат 5726 граѓани, пензионери кои имаат пензија помала од 15.000 денари.

Исто така оваква картичка ќе добијат и пасивните баратели на работа кажа премиерот Заев.

540 студенти кои не добиле помош во претходниот пакет и ученици како подршка за ученички стандард а исто така и граѓани кои навршиле возраст за пензионирање но немаат пензија.

3 Shares