Што да направите кога срцето ви чука како лудо?

Срцето е исклучителен ефикасен орган кој пумпа точно количество на крв што му треба на телото – ни повеќе ни помалку

Срцето има прилично неблагодарна работа – мора да продолжи да работи за да ве одржи, но најчесто не сте свесни за тоа. Освен, се разбира, ако некој не се обиде да ве ограби, или ако сте трчале 50 метри за да го фатите автобусот, или се спремате за првпат да се бакнете со некој навистина посебен.

Тогаш срцето чука толку брзо и толку гласно што ви се чини дека ќе испадне од вашите гради. Треба ли да бидете загрижени за тоа? Веројатно не, велат експертите.

Срцето е исклучителен ефикасен орган кој пумпа точно количество на крв што му треба на телото – ни повеќе ни помалку. Спротивно на тоа би било потрошувачка на енергијата, вели д-р Карл Стангл, раководител на Одделот за кардиологија во “Charite“ Берлинската болница.

Но, кога чувствувате страв, почнува еволутивен одговор. Вашиот автономен нервен систем, кој ја контролира автоматската функција на телото, потоа ја активира реакцијата “бори се или бегај” и му дава на телото моќ да се бори со претпоставената опасност.

Надбубрежните жлезди во тоа време го ослободуваат адреналинот во крвотокот. Срцето отскокнува побрзо и пумпа повеќе крв во органите и мускулите. Со други зборови, срцето забрзува, а вие не можете да го контролирате.

Автономниот нервен систем не се нарекува “автономен” без причина, вели Стангл. Тој нагласува дека не постои ништо лошо во тоа што срцето пумпа повеќе крв од време на време. Еден здрав организам може да се справи со тоа некое време без никакви проблеми.

Но, ако срцето одеднаш забрза без никаква очигледна причина, Стангл советува да се оди во брза помош. Таквите аритмии треба да бидат документирани и третирани, а докторот ќе ја утврди причината.

Во ретки случаи, вели Стангл, палпитацијата исто така може да биде симптом на сериозна срцева болест.

30 Shares