Станува сериозно, и Меркел подготвува екстремно строги мерки!

Ангела Меркел, наводно, ќе предложи строги епидемиолошки мерки во обид да се запре ширењето на коронавирусот во Германија, така што во некои региони може да се забрани дистрибуција на алкохол и училишните одмори да се префрлат од зима на есен.

Откако германската канцеларка Ангела Меркел вчера на видео-конференција со раководството на нејзините демохристијани (ЦДУ) предупреди дека, според епидемиолошките проекции, до Божиќ би требало да има над 19.000 нови инфекции на ден во Германија, се очекува да бидат предложени нови, исклучително строги мерки.

Билд денес тврди дека кабинетот на Ангела Меркел нема намера да воведе карантин сличен на оној напролет и дека наводно им рекла на своите сопартијци дека економијата мора да функционира и училиштата и градинките да работат, додека фудбалот е во втор план, пренесува Тпортал.

Но, ако има зголемување на бројот на пациенти, ограничувањата ги очекуваат дури и оние сектори што ќе функционираат. Се разгледува можноста за промена на училишните одмори од зима во есен, со цел да се намали бројот на граѓани кои одат во зимски центри и со тоа да се намали можноста за ширење на инфекцијата.

Мерка што може да ги налути угостителите и дел од јавноста, исто така и забрана за пиење алкохол во рестораните што се однесува на регионите особено погодени од коронавирусот.

„Билд“ наведува дека германската влада има намера да воведе и парична казна за оставање лажни лични податоци при одење во ресторани кои ќе мораат да водат евиденција за личните податоци.

Приватните прослави како свадби ќе бидат ограничени на најмногу 50 гости. Фудбалските натпревари може да бидат дозволени, но со бројот на посетители ограничени на 20 проценти од капацитетот на стадионот.

2 Shares