Срцето ги памети овие 8 работи – не му го правете ова!

Ако не се одморите доволно, па дури и ако не пушите, но постојано сте изложени на чад од тутун… се само некои од работите што го одразуваат здравјето на нашиот најважен мускул.

1. Лош вежбачки ритам

Физичката активност е одлична за здравјето и ова воопшто не е контроверзно. Но, проблемот е, ако го искористите вашето време за вежбање само половина час или еден час, а го поминете седејќи остатокот од денот. Вие треба да бидете активни по цел ден.

Малите и речиси неопходни активности се многу важни за здравјето. Ако го поминете работниот ден во вашата канцеларија, цело време ако седите на компјутерот, на секој саат прошетувајте, за да ја покренете циркулацијата.

Секое раздвижување ќе биде добро, дури и ако одите низ канцеларијата, до тоалетот и назад. Не заборавајте да се раздвижите и да повежбате и навечер додека ги гледате вашите омилени серии. Станете и размрдајте се за време на рекламите.

2. Мислите дека е премногу рано за грижа

Не чекајте премногу долго за да го зачувате здравјето на срцето. Вежбајте, јадете здраво и секогаш бидете информирани за вашиот крвен притисок, холестеролот и шеќерот во крвта. Идеално време да се внимава на срцето е токму сега.

3. Само еден пијалок е премногу

За повеќето луѓе, умереното пиење, а тоа подразбира максимум еден пијалок дневно за жени и до два за мажи, е во ред. Некои истражувања покажуваат дека еден пијалок во текот на денот дури има одредени придобивки за здравјето на срцето.

Но, повеќе од тоа, ќе ги зголемите крвните маснотии и крвниот притисок, особено ако пиете и по неколку пијалоци за кратко време. Затоа, придржувајте се со дневните граници.

4. Што јадете

Можеби мислите дека секојдневното јадење овесна каша и трици е здраво и добро за срцето, но нема причина за храната да биде едноврсна и досадна. Медитеранската исхрана опфаќа цела низа на многу вкусна храна како маслиново масло, ореви, овошје, цели житарици, риби, здрави протеини и црно вино.

Благодарение на “добрите” масти, животинските влакна и хранливите материи помагаат да се зачува здравјето на срцето. Не е тешко да се придржувате на оваа исхрана затоа што е навистина вкусна и добра.

5. Колкав е вашиот холестерол и крвен притисок?

Краток Квиз: Колкав ви е холестеролот? Колкав е вашиот крвен притисок? Ризично е ако немате идеја за овие вредности, бидејќи тие можат да бидат премногу високи, а вие не сте свесни за тоа. Човекот може да се чувствува сосема во ред иако има висок холестерол или висок крвен притисок. Затоа внимавајте на вашето здравје, за тоа никогаш не прерано.

6. Немате половина

Премногу абдоминална маст е многу лоша за срцето. Значи земете го метрото и измерете ја вашата половина. Имате сериозен проблем ако спаѓате во категоријата на жени чијшто појас е поширок од 90 сантиметри или мажи со половина поголема од 100 см.

Ова е јасен знак дека треба да изгубите на тежина, но направете го тоа полека, чекор по чекор. Секој изгубен килограм е добар за срцето.

7. Го игнорирате заморот

Кога некое лице се чувствува слабо, тешко е да се направат некои добри работи за себе, како што е на пример вежбањето. Ако се чувствувате уморни и меланхолични повеќе од неколку недели, контактирајте го вашиот лекар.

Терапија со говор, вежби и лекови (ако е потребно) ќе ви го подобри вашето расположение и ќе имате повеќе енергија за да се грижите за себе.

8. Пасивно пушење

Добро е познато колку пушењето е штетно за здравјето, но ако потрошите многу време во зачадена просторија или ако сте во близина на пушач, тоа ќе има лош ефект врз срцето и крвните садови.

Мора да го избегнете сето тоа. Ако некој близу вас не е подготвен да престане со пушењето, инсистирајте барем на тоа дека нема да пуши покрај вас.

25 Shares