Спајдермен “го освои” Лондон: Го уапсиле на врвот на кулата Херон (видео-слики)

Робер на врвот на кулата Херон го чекала полицијата. Тој беше уапсен поради нарушување на редот и мирот и во моментов е во притвор, соопшти полицијата.

Францускиот алпинист “Спајдермен” Ален Робер во четвртокот се искачи на една од највисоките згради во Лондон и беше уапсен на врвот.

На 56-годишникот му требаше еден час да се искачи на високата кула Херон од 230 метри во финансискиот центар на градот.

Полицијата ја задржувала публиката настрана додека Робер се искачувал.

“Јас не сум луд”, истакна тој за Sky News пред искачувањето.

“Она што го правам делува лудо, но не сум до толку луд”.

Робер на врвот на кулата Херон го чекала полицијата. Тој беше уапсен поради нарушување на редот и мирот и во моментов е во притвор, соопшти полицијата.

“Инцидентот предизвикуваше масовно нарушување на секојдневниот живот во Лондон, но исто така донесе голем ризик за безбедноста на луѓето во и околу кулата Херон”, рече Карен Бакстер од градската полиција.

Робер почнал да се искачува кога имал 11 години, и оттогаш се искачил на 150 облакодери низ целиот свет, вклучувајќи ги и Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда во светот, Ајфеловата кула и оперската зграда во Сиднеј.

Тој често се искачува без дозвола и бил уапсен неколкупати, понекогаш поради упад во имот со приватна сопственост.

10 Shares