Совети за жените од ’50-тите покажуваат колку сè се променило

Имало објавено листа на совети во ’50-те години од минатиот век, кои требале да им помогнат на жените да најдат идеален сопруг. Денес, овие совети изгледаат урнебесно.

“Во САД, дури 16 милиони жени на возраст од над седумнаесет години не се во брак. Претпоставуваме дека повеќето од нив сакаат да бидат”, пишува во воведен текст објавен во 1958 година во магазинот McCalls.

Издавачот формираше тим од 16 лица кои ги “одбрале” најдобрите совети за наоѓање на сопруг, а резултатите од денешната перспектива немаат смисла.

1. Кажете им на сите ваши пријателки како сте во потрага по сопруг, нека се прошири гласот. Не го чувајте тоа како тајна !

2. Во вечерната школа напишете нешто што им се допаѓа на мажите

3. Проучете ги областите каде живеат најголем број соло мажи. На пример, во Невада, на секои 100 жени, има 125 мажи

4. Погледнете ги некролозите и изберете совршен вдовец за младоженец

5. Седнете на клупата и нахранете ги гулабите, ова ќе привлече некој маж

6. Вработете се како медицинска сестра или стјуардеса. Жените кои ги избираат овие професии статистички имаат најголеми шанси да стапат во брак.

7. Бидете љубезни кон сите. Никогаш не знаете дали имаат брат или син кој би можел да биде вашиот идеален партнер

8. Немојте да работите во компанија водена од жени

9. Не седете во автобус, воз или авион покрај жена. Седнете подобро до маж !

10. Појавувајте се на сите годишнини од средно и основно училиште. Таму може да се сретнете со вдовец кој ќе ви стане сопруг.

11. Дружете се со девојки позгодни од вас. Можеби ќе добиете некои од нивните “остатоци”.

12. Не заборавајте да го посетите својот роден град повремено. Во меѓувреме, малото дете во соседството можеби пораснало во ваш иден сопруг.

13. Останете на патувањата во помали хотели каде што е полесно да се запознаете со странци.

14. Носете завои. Луѓето секогаш ќе прашуваат што се случило со вас, и лесно можете да започнете да разговарате со човекот од вашите соништа

15. Заработете големи пари. Тоа сигурно ќе ги привлече.
16. Фрлањето на марамчето сè уште функционира.

17. Останете во аголот на собата и тивко почнете да плачете. Има добри шанси тие да дојдат и да ве прашаат што се случило.

18. Испечете некоја вкусна пита од јаболка, однесете ја во канцеларијата и понудете ја на вашите потенцијални сопрузи.

19. Нека, на средина на патот, случајно да ви падне ташната и од неа да ви испаднат сите работи. Тие ќе ви помогнат да ги соберете.

20. Мажите мислат дека се одлични познаници на парфем. Прашајте ги за совет каков парфем да користите.

21. Пијанството прв пат извежбајте го со вашите пријателки

22. Ако ја фарбате косата, држете се само за една нијанса !

23. Секогаш носете високи потпетици затоа што се секси.

24. Освен ако тој е понизок од вас !

25. Ако добро ви стојат џемпери, носете ги на секој трет состанок !

26. Облечете се поинаку од остатокот од жените во вашата канцеларија

27. Пазете на вашиот вокабулар

28. Ако сте на состанок, некој стек што сте го нарачале да биде сиров

29. Европските жени ги користат своите очи за заведување. Вежбајте пред огледалото.

30. Купете огледало во ваша големина и добро припремите се пред да испаднете на состанок

31. Ако ви купил некое парче од облека или накит, носете го постојано !

32. Користете пепелници, а не шољи за кафе.

33. Не дозволувајте вашите родители да се однесуваат кон него како ваш иден сопруг

34. Испаднете на двоен состанок со некоја среќна брачна двојка. Нека види колку е забавно во бракот !

35. Дознајте за неговите омилени рецепти од неговата мајка

36. Разговарајте со неговиот татко за економијата и согласувајте се со него дека даноците се премногу високи !

37. Кажете му на првиот состанок дека немате намера никогаш да стапите во брак

38. Ако е рибар, научете го како да ја исчисти рибата !

39. Научете како да шиете и обликувајте ги креациите што сте ги сошиле сама

40. Никогаш не го оговарајте !

41. Распрашајте се за сите девојки кои тој не ги оженил. Не ги повторувајте нивните грешки !

42. Направете го вашиот дом удобен за него, големи пепелници и удобни столчиња се приоритет.

43. Научете како да играте покер.

44. Ако е богат, кажете му дека ги сакате неговите пари. Ќе ја цени вашата искреност.

45. Добијте дозвола за лов !

14 Shares