Следните Затворања – Фирмите ќе ги Одјавуваат Вработените

Владата почна со барањата за враќање на “помошта” која им беше дадена на фирмите во 2020год преку помош за плати и придонеси поради затворањата како последица на пандемијата!

И по толку фалби по телевизиите и социјалните мрежи дека фирмите ќе добијат помош, посебно угостителскиот и хотелиерскиот сектор кој се затворија сега Владата преку УЈП си ја побарува помошта назад!

Револтот е голем кај фирмите и најавуваат дека доколку би дошло до повторно затворање тие нема да бараат помош за плати и придонеси за своите вработени туку едноставно ќе ги одјавуваат!

Владата треба да објасни каде ги даваше парите кој ги доби како неповратна помош од фондовите што сега ги бара назад! И воедно да излезе и да каже дека всушност тоа е позајмица а не помош!

Исто така, граѓаните треба да се свесни дека владата на овој начин не помогнала ниту малку и целиот товар е врз нивните работодавци затоа што секој денар што владата го даде како помош си го бара назад!

0 Shares