Што вели за вашиот карактер должината на косата?

Според некои истражувања, должината на косата не само што ја дефинира вашата омилената фризура, туку и ја карактеризира вашата личност

Дали станува збор за пикси фризура, долг Боб или коса до половина – фризурите се подеднакво индивидуални како и жените што ги носат. Подолу, проверете која фризура е поврзана со карактеристиките и да дознаете дали се пронаоѓате во некоја.

Кратка коса

Кратката коса најчесто е одраз на храброста, па затоа најчесто ја избираат жени со голема самодоверба. Исто така, жените што имаат кратка коса се многу комуникативни, удобни и лесно создаваат нови пријателства. Проблемите ги решаваат спокојно и праведно и ги сакаат работите во кои нивната интелигенција доаѓа до израз.

Должина на косата над рамениците

Косата со должина над рамениците е избор на чесни и бестрашни жени кои не поднесуваат рутини, сакаат нови искуства и немаат комплекси. Покрај тоа, т.н. Боб фризура најдобро ги опишува жените кои премногу добро се балансираат помеѓу приватниот и деловниот живот.

Коса до рамениците

 

Косата до рамениците, или долг Боб најчесто ја избираат елегантни дами со многу женствен и софистициран изглед. Косата до рамениците е избор на луѓето кои сакаат да бидат во центарот на вниманието, што зборуваат многу и навистина ги ценат своите пријатели кои секогаш се на прво место.

Долга коса

Ако сте горд сопственик на долга коса, вие сте одличен сонувач и не дозволувате себеси да ве спречи било што на патот кон реализација на вашите соништа. Жените со долга коса кога станува збор за љубовта бараат долгорочни врски и даваат сè од себе, но тие исто така се и многу пребирливи при изборот на нивните партнери.

24 Shares