Што и одговори Филипче на новинарката Мери Јордановска на прашањето| Како функционерите се тестирале бесплатно и преку ред за ковид-19

На прашањето од страна на новинарката Мери Јордановска до министерот за здравство Венко Филипче. Каде се тестирале неговите сопартијци за Ковид-19

Функционерите, министрите и сите челници на јавните установи се тестирале бесплатно и преку ред за ковид-19.

Министрите, но и другите јавни функционери од власта се тестирале ургентно во јавните здравствени установи, бесплатно и без да чекаат, бидејќи морало да се заштити функционирањето на државните институции.

Со оглед дека се чека и по 8-10 дена за тестирање од ковид-19 за сите останати граѓани во државава, освен за оние кои имаат подлабок џеб и одлучат да се тестираат во приватните болници каде тестот чини од 3000 до 8000ден, тоа не важи за министрите и сите останати кои се на јавни функции.

„Тие се тестираа во јавно-здравствените установи. Сите лица кои се на јавни функции и се дел од виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи за тестирање. Ова не се прави заради никаква политичка привилегија, туку заради заштита на функционирањето на државните институции. Ова е пракса во сите земји во светот и тоа не само за пандемии, туку за секоја друг тип елементарни непогоди. Секогаш приоритет на заштита се дава на носителите на високи државни функции со цел заштита на нормалното функционирање на државата. Ве повикувам ова слободно да го проверите во сите останати земји“, одговорил Филипче.

2 Shares