Сериозна ситуација во Велес – Тројца починати од Ковид-19 за 24 часа

До 10:30 часот утрово во Велес се има осум нови случаи заболени со ковид-19, тројца се оздравени. Но загржувачки е тоа што за едно деноноќие има три смртни случаи од ковид-19.

Се размислува Физикалното одделени во болницата во Велес е да се пренамени во ковид-центар.

„Во текот на изминатото деноноќие, како последица од ковид-19, во Општата болница – Велес  починаа тројца пациенти, двајца од Велес и еден од Свети Николе. Сериозна е состојбата во Велешката болница, каде што доаѓаат пациенти со тешки симптоми, а капацитетот се исполнува. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со ковид-19“, кажа градоначалникот Аце Коцевски.

Коцевски апелира до сограѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на ковид-19. Во

Велес, вкупниот број на заболени од Ковид-19 изнесува 446, од кои 322 се оздравени и 20 починати. Во моментот, 106 лица се водат како активни случаи, од кои 79 се на домашно лекување, 24 се хоспитализирани на Инфективното одделение, двајца се лекуваат во Инфективната клиника во Скопје, двајца во Градската општа болница во Скопје, еден на Клиниката за ОРЛ и тројца во приватни клиники во Скопје.

3 Shares