Се донесоа нови мерки за угостители | НО Што правиме со овие појави (ФОТО)

Владата донесе нови протоколи за угостителски објекти во кој се вклучува:

Намалување на бројот на гости на една маса од 12 до 4 особи, намалување на гласноста на музиката, забрана за гостувања на пејачи и диџеи.

Иако, само заради неколку десетици угостителски објекти кои не се придржуваа до препораките за заштита од вирусот ковид-19 и тоа главно од Скопје, со исклучок на неколку од другите градови ќе страдаат сите угостителски објекти низ целата држава.

Логиката на нештата би одела овака, иако имаше и пред тоа мерки тој што решил да не ги почитува, нема да ги почитува и новите. Но, поголемиот дел од угостителите ги почитуваа мерките и за нив ова значи уште поголемо уназадување, а тој што не ги почитувал највероватно нема пак да ги почитува.

Но, што се случува со градските пазари низ државава кои се преполни со народ без маски и нема почитување на држење растојание. Што со преполните маркети во кој исто така нема почитување на мерките, во помали маркети нема ни простор за да се држи растојание од 2 метри.

Исто така редиците пред банките, што не е оправдание дека внатре во банките се почитуваат мерките, но сепак надвор пред вратите на банките е гужва како во дискотека.

Угостителите реагираат и на организирање на Скопскиот маратон каде ретко кој се гледаше со маска во публиката, исто така и за натпреварувачите, уште на стартот беше огромна гужвата и се разбира никој не носеше маска затоа што и не може да се трча со маска.

1 Shares