Самопреглед на градите – дали навистина знаете што треба да направите?

Она што жените можат да го направат за себе, а тоа е многу едноставно и не бара премногу време е самопреглед на градите.

Најдобро време да се изврши самопреглед на градите е секој месец, една недела по завршувањето на менструалниот циклус. Ако жената нема менструација, таа може самостојно да ги испита своите гради во кое било време од месецот.

Најдобро е да ги испитате градите пред огледало, но може и да се истуширате.

Инструкции за правилно самоиспитување на градите:

1. Застанете пред огледало и ставете ги рацете покрај вашето тело. Внимавајте на промена на бојата, текстурата или состојбата на кожата. Ставете ги рацете на колковите, а потоа над главата и набљудувајте повторно. Обрнете внимание на брадавиците и дали има некои промени на нив.

2. Свртете се настрана. Внимавајте на ткивото на дојката и подигнете ја градите за да го набудувате ткивото подолу.

3. Почувствувајте го ткивото на дојката. Легнете и подигнете ја левата рака над главата. Почувствувајте ја левата дојка со десната рака.

Почнете од горниот дел на дојката, чувствувајќи ја пазувата. Потоа, со мали кружни движења, почувствувајте го ткивото на целата дојка со врвовите на прстите.

Во секоја област на ткивото на дојката, потребно е да се направат три кружни движења, секое со различен интензитет. Започнува со нежни и површни движења и завршува со оние кои продираат подлабоко во ткивото на дојката.

Повторете ја постапката за другата дојка.

За време на прегледот, нормално е да се чувствуваат ребрата под ткивото на дојката. Некои грутки кои се цврсти, со неправилни рабови или се чини дека се залепени на градите, може да укажуваат на процес на тумор.

Во случај на каква било несигурност, потребно е да контактирате со вашиот лекар!

3 Shares