РЕЦЕПТ: Киндер Буено Чизкејк – совршен десерт што не се пече!

Брзите и едноставни рецепти често ни се омилени, особено кога станува збор за десерт што не е потребно да се пече. Овој пат ви донесуваме рецепт за чизкејк од неодоливото Киндер Буено чоколадо.

Состојки:

Подлога од бисквити:

300 гр бисквит (плазма, дигестивна или петит бур)
150 гр путер (стопен)

Крем од сирење:

500 гр крем сирење
100 гр шеќер
300 мл слатка павлака
250 гр обично чоколадо
1 лажица екстракт од ванила
13 поединечни Киндер Буено чоколади

За декорација:

150 мл слатка павлака
2 лажици шеќер
3 поединечни Киндер Буено чоколади
50 гр обично чоколадо

Припрема:

– Бисквитите исецкајте ги во блендер, а путерот растопете го и додадете му ги исецканите бисквити. Добро промешајте за да се соедини смесата и ставете ја во калап.
– Крем сирењето, шеќерот и ванила екстрактот промешајте ги со миксер, додадете го претходно стопеното Киндер чоколадо и соединете го со смесата.
– Потоа додадете ја слатката павлака (течна).
– Во готовата смеса раскршете го Киндер Буено чоколадото и ставете го кремот на подготвената подлога од бисквити.
– Колачот треба да се остави во фрижидер најмалку 5 часа.

Декорација:

– Доправете го остатокот од кремот за готвење.
– Растопете го обичното чоколадо.
– Раскршете го Киндер Буено чоколадото.

2 Shares